Лого BszMarket.com.mk
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито .
Превземете Flash Player
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито.
Get Flash Player

Прашајте не BszMarket.com.mk

facebooktwitter

 

Дрвен под во бањата

Бања со дрвен под BszMarket.com.mkПоставување на паркетот во бањата, обложување на ѕидовите и на санитариите со дрвени облоги денес претставува тренд кој ги воодушевува љубителите на природни материјали. Акрилните, полиуретанските и другите современи лакови овозможуваат долготрајна и квалитететна заштита на дрвото дури и кај бањите со зголемена влажност на воздухот.

 

Паркетот може да се реди на различни начини, при што особено внимание се дава на споевите кои треба добро да се обработат за да се спречи продирање на вода. Дрвото не смее да има пукнатини низ кои може да навлезе водата, па треба добро да се искитираат, а потоа и излакираат. За да лакот биде непропусен, потребно е да се нанесат неколку слоеви. При поставување на паркетот се употребува лепило со полиуретанска смола разредено со вода. На лепакот му е потребно околу два дена за да се исуши во потполност и тогаш потребно е споевите да се израмнат со полиуретанска смола, а површината се израмнува дури откако масата во потполност ќе се исуши.

 

 

Се употребуваат сите видови на дрво, а најзастапени се паркетите од даб, бука, јасен и разни егзотични дрва, како што се дрвата од Африка, Азија и Јужна Америка. Ако не сакате паркет, а љубител сте на дрвените подни облоги, можно е на ист начин да се постави и бродски под или некоја друга дрвена подна облога. Подеднакво добар ефект се постигнува со обложување на целата површина со дрвен под или пак во комбинација со керамика или камен.

 

 
Екстра понуда BszMarket.com.mk
Купете со лична карта BszMarket.com.mk
Зошто кај нас? BszMarket.com.mk

Зошто да
купувате кај нас?

Најквалитетни производи

имаме најквалитетни производи позади кои стојат најдобрите светски марки.

Плаќање на рати

купувајте кај нас и плаќајте на онолку рати колку вас ви одговара.

Зошто користење на
нашите услуги?

Професионална изведба

тимот на БСЗ инженеринг е составен од високо обучени професионалци со големо работно искуство.