Чистење на наслагите од каменец
Како последица на греењето на водата во водоводните инсталации и во системот за греење на водата настанува каменец. Тогаш системот непотрбно троши дополнителни колишества на струја за да загрее водата и каменецот. Со тек на време, бојлерот или апаратот за кафе ќе почне побавно да ја грее водата. Клокотењето и шуштењето на грејачот е сигурен знак дека во апаратот се собрал каменецот. Постојаната тврдост на водата потекнува од присуството на сулфати, хлориди или нитрати на калциум и магнезиум во неа. Овие соли се штетни бидејќи се таложат како каменец на загреаните површини на котловите и цевките. Создадениот каменец го стеснува пречникот на цевките со што се намалува протокот на вода или предизвикува потполна блокада на цевката.
Наслаги од каменец се собираат и на батериите и оставаат лоши флеки. Тие флеки од каменец добро се растворуваат со киселини, како што се лимунов сок и оцет, но не е пожелно предолго да бидат оставени во нив за да не ги оштетат емајлираните и порцелански делови на батериите. По чистењето потребно е батериите добро да се измијат со вода.
На пазарот постојат многу готови производи за оваа намена. Но еве една постапка за бесплатно чистење на каменец во бојлер:
Постапката на чистење е релативно едноставна. Пред се треба да се исклучи протокот на топлата вода низ системот за некое време. Најпрво исклучете го изворот за наповјување на енергија за греење (на електричен прекидач). Потоа оневозможете доток на вода во бојлерот. Отворете го вентилот за изпуштање на топла вода за да ја изпуштите топлата вода и оставете го систеот отворен. Потоа отворете го вентилот за изпуштање на вода и изпуштете ја цела вода од бојлерот за да биде празен. Затворете ги вентилите за изпуштање. Симнете ја анодната шипка од грејачот за вода во бојлерот и наполнете го бојлерот со 10 до 15 литри обичен јаболков оцет и оставете го да даелува од 21 до 36 часа. Потоа изпуштете го оцетот од бојлерот и пуштете низ болјерот доток на вода, со што би се измил бојлерот. По изпуштање на водата, проверете да не случајно малите парчиња на каменец затнале некој од изпустите. Повторно споите го дотокот на топла вода и влкучете го изворот на енергија што ја грее водата.Проблемот би требало да биде решен. Доколку не е, повикајте стручно лице. Со користење на оменкувачи на вода во голема мера ќе намалите создавање на наслагите од каменец.
|