Лого BszMarket.com.mk
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито .
Превземете Flash Player
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито.
Get Flash Player

Прашајте не BszMarket.com.mk

facebooktwitter

 

Лепење на керамички плочки

Доколку лепите плочки во бањата, ви препорачуваме прво да почнете со крајниот ѕид, доколку не го поплочувате и таванот, во кој случај треба да почнете од таму.

 

Лепење на плочки BszMarket.com.mkНанесување на адезивот

 

Користете адезив кој е водоотпорен, така што добро ќе се однесува во услови на влага. Ова е особено важно. Доколку ги лепите плочките на места кои не се изложени на вода, може да користите адезив кој не е водоотпорен. Епоксидните адезиви можат истотака да се користат, но времето на сушење потешко се утврдува. Пред да го нанесете, внимателно прочитајте го упатството од производителот за времето на сушење за да не нанесете повеќе маса од потребната; вообичаено се нанесува количина која е доволна за 30-40 минути работа. Нанесете го адезивот на ѕидот користејќи ја рамната страна на мистријата. Кога ќе го нанесете на површината, свртете ја на нерамната и движете ја под агол од 45° за да направите жлебови во адезивот.

Забелешка: дебелината на врвот на адезивниот слој треба да биде приближнa колку што е дебелината на самата плочка.

 

 

Лепење на плочки BszMarket.com.mkМестење на плочките

 

За ѕидовите: планирајте ги плочките кои од двете страни се сечени за дното од ѕидот. Целите плочки ставете ги погоре поради естетскиот ефект. Долните плочки може да се покријат со лајсна. За местото на ѕидот позади мијалникот: плочките што се сечени од двете страни ставете ги веднаш над мијалникот за да не се во фокусот на гледање.

 

 

 

 

 

  1. Со либела одредете ја најниската точка на ѕидот. Ставете една плочка на ова место и означете го ѕидот над неа. Од ова место со помош на либелата нацртајте хоризонтална линија по целата површина.
  2. Најдете го центарот на хоризонталната линија и повлечете вертикална линија под агол од 90° со хоризонталната линија.
  3. Наместете еден ред од центарот на линијата кон било која страна на ѕидот. Ако останува празен простор помалку од ½ од плочката, поместете ја вертикалната линија на лево или на десно за да избегнете лепење на мали парчиња.

Сечење на плочкитe

 

Секогаш носете заштитни очила кога ги сечете плочките! Пред да ги исечете плочките, местото каде ќе се сече плочката треба да биде обележено со молив.

За сите рамни линии користете машинка за сечење плочки. Прво се нажлебува, а потоа се сече плочката. За сечење на мали делови од плочката се користат клешти за плочки. За посложени кривини или ивици се користи бонсек, кој може да сече поглатко и попрецизно.

 

 
Екстра понуда BszMarket.com.mk
Купете со лична карта BszMarket.com.mk
Зошто кај нас? BszMarket.com.mk

Зошто да
купувате кај нас?

Најквалитетни производи

имаме најквалитетни производи позади кои стојат најдобрите светски марки.

Плаќање на рати

купувајте кај нас и плаќајте на онолку рати колку вас ви одговара.

Зошто користење на
нашите услуги?

Професионална изведба

тимот на БСЗ инженеринг е составен од високо обучени професионалци со големо работно искуство.