Одзатнување на одвод на умивалник
За одзатнување на одвод на умивалник постојат три начини.
Средство за одзатнување
Прв и нај едноставен начин е да се употреби средство за одзатнување. Средството за одзатнување не треба да се употребува во случај кога цевките се целосно затнати. Следете го упатството на производот. (Некои средства може да ги оштетат поцинкувате цевки). По правило, ставете ја течноста низ инка директно во отворот, со цел да нема можност евентуално да го оштети порцеланот. Доколу се истури на рацете или на облеката, ведаш измијте ги со ладна вода.
Користење на вакуум гума
За да повторно се воспостави проток кој е блокиран од мали наслаги,
употребете вакуум гума за одзатнување. Кога ја користиме гумата, во умивалникот треба да има вода. Ставете ја гумата врз одводот од мијалникот и движете ја рачката горе-долу. Гумата цело време треба да биде во средината на одводот и да биде статична. Ставете влажна крпа преку одводот за заштита од претекување на умивалникот (ако постои) за да го острани воздухот.
Чистење на сифон
Третиот и најкомплицираниот начин кој секогаш успева е да го изчистите сифонот. Одвртете го сифонот со соодветен клуч, и извадете го. При тоа земете некој сад за да ја собере водата која ќе се истури. Кога ќе го заменувате сифонот, проверете дали гумичките се затегнати и цврти, бидејќи доколку се меки и разлабавени нема да држат и сифонот ќе протекува.
|