Лого BszMarket.com.mk
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито .
Превземете Flash Player
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито.
Get Flash Player

Прашајте не BszMarket.com.mk

facebooktwitter

 

Поправка на WC казанчето

Wc казанче BszMarket.com.mkМожен дефект кај казанчето во тоалетот е перманентно течење по малку вода во шољата. Постојат два главни склопа во казанчето. Првиот е вентил за полнење на казанчето со вода, монтиран на левата или десната страна на казанчето. Вториот склоп е направа (вентил) за испирање на шољата.

Најнапред треба да се открие кои од овие два склопа е во дефект.Ова е обично многу лесно.

 

Вентилот за полнење

 

Одстранете го капакот од казанчето и ако водата прелива низ отворите на преливната цевка тоа значи дека грешката е во склопот за полнење. Повлечете ја полугата на пловакот нагоре, па ако водата престане да прелива, потребно е само подесување на нивото на водата, без ништо да се замени. Испуштете ја водата во шољата, потоа со левата рака, блиску до вентилот, подигнете ја полугата од пловакот, со другата рака свиткајте ја полугата малку надолу (кај разни типови ова се постигнува со разни решенија, но сите се едноставни), ослободете ја полугата и почекајте да се наполни казанчето. Ако сте ја свиткале доволно, водата ќе застане пред да го достигне нивото на преливање, во спротивно свиткајте ја уште малку.

 

Во случај водата да тече и откако ќе се подигне полугата со рака, треба да се поправи или замени самиот вентил. Најнапред треба да се исклучи доводот на вода до казанчето (се затвора вентилчето пред флексибилното црево) и се демонтира вентилскиот склоп во кои припаѓа и пловакот заедно со полугата. Постојат разни типови на вентили за полнење на казанчето со вода и скоро сите работат на ист принцип. Најчест дефект овде е дотраено заптивно прстенче или некој дел е скршен во склопот на клипчето. Дојдете кај нас ги имаме соодветните делови, а потоа вие едноставно вршите замена.

 

Вентил за испирање

 

Следен можен дефект е казанчето да не се полни до горе, водата непрекинато да истекува во шољата, а се случува и казанчето во интервал од неколку минути само да ја испушта водата. Ова значи дека е во дефект вентилот односно направата за испирање на шољата. Поправката најчесто се состои во тоа што треба да се замени дотрајаната гумена заптивка. За да се уверите дали навистина е дотраена, пипнете ја со два прста и ако на прстите останува црнило таа е сигурно дотраена. Друг показател е ако на долната страна се гледа нерамен жлеб во облик на круг кој оневозможува правилно заптивање.

 

За да дојдете до гумата треба да го направите следното. Се одстранува полугата за активирање која најчесто е вовлечена во прорезите на преливната цевка. Се одстранува капакот од садот во кој е сместен клипот-пловак и кој истовремено служи и како водилка на преливната цевка на чиј крај има диск со жлеб на кој се наоѓа заптивната гума. Капакот е прицврстен или со еластични испусти па треба само да се повлече појако, или треба да се заврти малку обратно од насоката на стрелката на часовникот, па да се повлече. Монтажата се одвива по обратниот редослед.


 
Екстра понуда BszMarket.com.mk
Купете со лична карта BszMarket.com.mk
Зошто кај нас? BszMarket.com.mk

Зошто да
купувате кај нас?

Најквалитетни производи

имаме најквалитетни производи позади кои стојат најдобрите светски марки.

Плаќање на рати

купувајте кај нас и плаќајте на онолку рати колку вас ви одговара.

Зошто користење на
нашите услуги?

Професионална изведба

тимот на БСЗ инженеринг е составен од високо обучени професионалци со големо работно искуство.