Лого BszMarket.com.mk
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито .
Превземете Flash Player
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито.
Get Flash Player

Прашајте не BszMarket.com.mk

facebooktwitter

 

Закрпување на дрвото со пиљевина

Знаете ли како најлесно да ги санирате пукнатините и оштетувањата на дрвените површини, а трагите од санацијата да бидат што помалку приметливи? Еден стар мајстор ни откри една тајна како тоа може да биде изведено со помош на пиљевина и малку лепило за дрво.

 

Оваа тајна е корисна доколку се работи за мала санација, како на пример:сте ја гребнале дрвената влезна врата, сте избушиле дупче на погрешно место или пак сте ја утнале шајката со чеканот при ковање па сте го оштетиле дрвото кај што не треба. За такви мали детали кој ве боцкаат во око не се исплати да купувате готови китови за дрво или двокомпонентни маси бидејќи тие се продаваат во големи пакувања, кои вие нема да ги искористите, а со самото отворање на кутијата тие со тек на време стврднуваат и се сушат и ќе ви останат неискористени. Наместо тоа сами направете мала количина на смеса за закрпување.

 

Смеса за дрво BszMarket.com.mkЗа да ја спремите смесата за закрпување потребно ви е малку пиљевина, од ист тип на дрво со дрвото кое ќе го санирате и лепило за дрво, бело или жолто. Измешајте ја пиљевината со малку лепак и мешајте се додека не добиете густа маса. Потоа со густата маса пополнете ја дупката или гребаницата на дрвената површина и израмнете ја површината со нож за кит. Откако ќе се исуши масата врз пополнетата површина истурете малку од пиљевината, се со цел помалку да се познава санираното место.

 

Оваа маса може да се користи се додека не се стврдне т.е. додека не исуши лепакот. Кај повеќето лепила времето на сушење изнесува половина час, затоа спремете онолку маса колку што ви е потребно за санација во тој момент.

 

 
Екстра понуда BszMarket.com.mk
Купете со лична карта BszMarket.com.mk
Зошто кај нас? BszMarket.com.mk

Зошто да
купувате кај нас?

Најквалитетни производи

имаме најквалитетни производи позади кои стојат најдобрите светски марки.

Плаќање на рати

купувајте кај нас и плаќајте на онолку рати колку вас ви одговара.

Зошто користење на
нашите услуги?

Професионална изведба

тимот на БСЗ инженеринг е составен од високо обучени професионалци со големо работно искуство.