Лого BszMarket.com.mk
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито .
Превземете Flash Player
Мени BszMarket.com.mk
Треба да го надоградите вашиот Flash Player или да дозволите користење на javascript за да го видите web менито.
Get Flash Player

Прашајте не BszMarket.com.mk

facebooktwitter

 

Правилно осветлување во дневната соба

Дневна соба BszMarket.com.mkДневните соби денес претставуваат повеќенаменски простори во кои се гледа телевизија, се јаде, се комуницира или се чита. Доколку дневната соба има прилагодлива шема на осветлување, многу лесно можат да се создадат различни амбиенти за секоја активност. Истакнување на предметите со осветлување е најсоодветно токму во овој дел од домот, како на пример, истакнување на растенија, книги, слики

или мебел. Кога станува збор за фиксното осветлување, не треба да се претерува со негово поставување бидејќи еден ден можеби ќе се определите за промена на распоредот на мебелот, па тоа веќе нема да биде во потполност функционално.

 

Еве неколку практични совети за подобро осветлување на дневната соба :

 

  1. Употребувајте волфрамови светилки доколку сакате помек и попријатен амбиент.
  2. Искористете ги столните светилки и поставете ги на рабните делови на собата, на комодите или на полиците. На овој начин ќе се создаде впечаток на пространост и пријатен амбиент.
  3. Главното светло, т.е. осветлувањето на таванот (лустер или висечко светло, плафоњерка или рефлекторот) треба да биде поставено на тој начин што нема да создава преголеми сенки.
  4. Ѕидните светилки што фрлаат светлост кон таванот допринесуваат за попријатна атмосфера. Светлоста секогаш е во нијансата на бојата на ѕидот на кој е поставена.
  5. Ѕидните лампи поставете ги покрај парчиња на мебел кои нема да се поместуваат (камин и сл.).
  6. Позади фотељата поставете стоечка подна лампа која ќе фрла светлина кон таванот.
  7. За романтична атмосфера искористете ги ѕидните светла заедно со запалени свеќи.
  8. Сликите и постерите може да ги осветлите со нисковолтажни лампи со халоген-тунгстен сијалици кои се монтираат на рамот од сликата или на ѕидот, а даваат силно бел сноп на светлост по целата површина на сликата.
  9. Растенијата и скулптурите можат да се нагласат со лампи насочени нагоре со што да ја фрлаат сенката на ѕидот позади предметите, создавајќи драматична силуета на осветлениот објект.
  10. Барот може да се осветли од горе со индиректно светло или со низа на насочени светилки закачени така да се чини дека “лебдат“ ниско над површината на барот. Полиците со кристал и чашите можат да се истакнат со употреба на два подесиви извори на осветлување со халоген-тунгстен сијалици. Положбата на светилките треба да биде таква да нивното бело светло се прекршува на кристалните површини.
  11. Телевизорот и компјутерот побаруваат светло со низок интензитет кое нема да има одсјај и нема да го попречува гледањето. Изберете мини-рефлектори или флуоросцентни извори кои ќе го задоволуваат тој услов и поставете ги така да помеѓу нив и екранот се наоѓа некаков заклон (на пример под полицата).
  12. За масичката во дневната соба потребно е јасно и изедначено осветлување од страна на извор поставен над неа. Тоа може да биде лустер со ниско поставен абажур или флуокомпактни сијалици сместени во непроѕирните цевка кои би ја насочувала светлоста во еден правец. Можно е и да се постават две такви светилки – по една над секоја половина на масата.
 
Екстра понуда BszMarket.com.mk
Купете со лична карта BszMarket.com.mk
Зошто кај нас? BszMarket.com.mk

Зошто да
купувате кај нас?

Најквалитетни производи

имаме најквалитетни производи позади кои стојат најдобрите светски марки.

Плаќање на рати

купувајте кај нас и плаќајте на онолку рати колку вас ви одговара.

Зошто користење на
нашите услуги?

Професионална изведба

тимот на БСЗ инженеринг е составен од високо обучени професионалци со големо работно искуство.